Лиценцирајсвое дело ПребарајCC лиценцирани дела

upload.jpg

Ако веќе имате дела објавени под Криејтив комонс, поставете линк до нив. Ако сте автори на дела кои би ги објавиле под Криејтив комонс, а немате простор на веб за тоа, може да го искористите овој портал.

Секој нов автор најпрво треба да го регистрира своето членство на порталот, доколку сака да постави свое дело или линк до истото со цел да биде достапно за останатите посетители.

Објавените дела и додадените линкови потоа стануваат достапни за пребарување, така што посетителите можат да ги преземаат, посетуваат и употребуваат, секако под условите кои авторот ги навел. Информирајте се повеќе!

 
Почетна
Првото дигитално дело на Жарко Кујунџиски објавено под Криејтив комонс
1.03.2010.
endrji-ljubov-i-drugi-nepogodi---zharko-kujundjiski-intro.png
Минатата недела, порталот за креативни содржини достапни под Криејтив комонс го збогати делото „Ендрју, љубов и други непогоди“ од книжевниот уметник Жарко Кујунџиски. Книгата е првпат издадена во печатена верзија во 2004 година, но веќе една година подоцна сите примероци се распродадени, па, како што вели авторот, „Ова е втора шанса“.

Прочитај повеќе...
 
23 литературни дела од Никодин Чернодримски под Криејтив комонс
21.07.2009.
nikodin-cernodrimski.png

Кон крајот на минатиот и првата третина од овој месец, 23 литературни дела беа објавени на порталот Криејтив комонс. Авторот кој стои зад нив е Трајче Јованчески, кој своите прозни и поетски творештва ги објавува под псевдонимот  Никодин Чернодримски.
Прочитај повеќе...
 
Википедија + Криејтив комонс CC BY-SA = Победа за слободната култура!
10.07.2009.
wikipediacc.png
Заедницата на Википедија и одборот на фондацијата Викимедија го одобрија усвојувањето на лиценцата Криејтив комонс Наведи Извор – Сподели под исти услови (CC BY-SA) како главна лиценца за содржини на Википедија и други веб-сајтови на фондацијата Викимедија.
Прочитај повеќе...
 
Младиот македонски блогер Даниел Краљевски ја издаде третата книга под Криејтив комонс
18.05.2009.
kralj---3-dela.png

Даниел Краљевски, 20-годишен блогер кој почнал да пишува за, како што вели самиот, „таа читајќи ме да се насмевне“, по трет пат ги објави своите убави зборови во форма на електронска книга, под Криејтив комонс лиценца.
Прочитај повеќе...
 
Археолошкиот дневник - првата книга на Arwena отсега достапна и онлајн
23.04.2009.
arwena-mala.png Димитровска Василка - Arwena, една од најпопуларните македонски блогерки и единствен археолог од Македонија кој пишува на интернет, ја објави својата прва збирка текстови "Археолошки дневник" во електронска форма, под Криејтив комонс лиценца.

Збирката, насловена исто како и блогот на Arwena, се состои од избор на постови пишувани исклучиво он-лајн и не го отсликуваат во целост нејзиното мислење, бидејќи во конципирањето на книгата повеќе значење се придодало на научно-популарните текстови.
Прочитај повеќе...
 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 Следна > Крај >>

Резултати 1 - 5 од 34